Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.9/2017

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 288.06 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јануари 11, 2018
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.9/2017

„(...) по наоѓање на Врховниот суд на Република Македонија, правилно второстепениот суд го применил материјалното право кога, повикувајќи се на одредбата од член 81 став 1 точка 6 од Законот за работните односи, ја преиначил првостепената пресуда и тужбеното барање на тужителот го одбил како неосновано.

Имено, согласно одредбата од член 81 став 1 точка 6 од Законот за работните односи, за работникот е предвидена обврска писмено да го извести работодавачот во рок од 48 часа, дека поради болест или оправдани причини ќе отсуствува од работа.

Во оваа насока, со оглед да тужителот за спорниот период за кој е донесена одлуката за откажување на договорот за вработување, писмено не го известил тужениот за своето отсуство, туку доставил до тужениот известување бр.13-932/1 на 08.04.2013 година, правилен е заклучокот на второстепениот суд дека во законски предвидениот рок од 48 часа, тужителот не го известил тужениот како работодавач дека поради болест или оправдани причини ќе отсуствува од работа, од што произлегува дека истиот ја сторил повредата која му се става на товар со одлуката за откажување на договорот за вработување.

Тужителот во ревизијата наведува дека второстепениот суд погрешно го применил материјалното право кога го одбил како неосновано тужбеното барање, без притоа да го има предвид утврденото дека тужителот на ден 08.03.2013 година, лично се пријавил во просториите на тужениот кај лицето О. Л., а воедно усно го известил шефот по физичко обезбедување лицето И. Д. Врховниот суд на Република Македонија ги ценеше ваквите наводи, но најде дека истите не се од влијание за поинакво одлучување, ако се има предвид дека Законот за работните односи предвидува писмено известување на работодавачот за отсуството од работа.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-921/17
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право