Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.55/2016

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 216.42 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање октомври 12, 2017
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.55/2016

„(...) по наоѓање на Врховниот суд на Република Македонија, пониските судови правилно го примениле материјалното право кога заклучиле дека тужителот со своето однесување сторил повреда од член 82 став 1 точка 5 од Законот за работните односи поради што тужбеното барање на тужителот го одбиле како неосновано.

Имено, доколку се има во предвид дека тужителот на 30.11.2013 година и на 04.12.2013 година заедно со уште едно лице земале бакарни кабли со поголема должина од погонот на тужениот под назив Контракторска 4, поточно од корпите зад работилницата за одржување и заминале во непознат правец, што било потврдено од снимките на безбедносните камери поставени кај тужениот, а кој факт не е спорен ниту за тужителот, со сигурност може да се утврди дека тужителот ја сторил повредата која му се става на товар со оспореното решение.

Околноста на која се повикува тужителот дека кабелот кој го земале бил искористен за одзатнување на канализационен одвод кај тужениот е без влијание за поинакво одлучување со оглед на тоа што чистењето и одзатнувањето на одводните цевки, не претставувало работна задача на тужителот, ниту пак за такво дејствие имал добиено налог од претпоставениот раководител.

Неоснован е ревизискиот навод дека судовите својата одлука ја темелат врз претпоставки за сторена кражба која не е докажана со правосилна пресуда во кривична постапка, од причина што во предметната постапка од значење е фактот дека тужителот со преземените дејствија, ја сторил повредата предвидена во член 82 став 1 точка 5 од Законот за работните односи, а по кој основ му е откажан договорот за вработување.”

Претходно Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-654/17
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право