Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.63/2015

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 257.47 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање март 30, 2016
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.63/2015

„(...) овој суд наоѓа дека пониските судови правилно постапиле кога делумно го усвоиле тужбеното барање на тужителот, поништувајќи ја одлуката за откажување на договорот за вработување како незаконита. Имено, Врховниот суд на Република Македонија се согласува со причините дадени во образложенијата на пониските судови дека тужениот не ги навел причините во одлуката за отказ, односно не навел во што се состои ненавременоста и несовесноста за извршување на работните задачи од страна на тужителот, непочитувањето на работниот ред и дисциплина и непочитување на прописите кои важеле за вршење на работата и работните задачи, кои согласно член 74 став 1 од Законот за работните односи отказот со договорот за вработување задолжително се изрекува во писмена форма, а согласно став 2 од истиот член работодавачот е должен писмено да го образложи откажувањето на договорот и да му укаже на работникот на правна заштита, да го запознае со неговите права од осигурување во случај на невработеност.

Врховниот суд на Република Македонија, го ценеше ревизискиот навод дека пониските судови постапиле спротивно на член 206 став 1 од Законот за парничната постапка и дека само паушално без да се земат во предвид решителните факти само во насока на она што е утврдено од страна на пониските судови одлучиле по наводите на тужениот, меѓутоа најде дека истите се неосновани. Ова од причина што согласно оспорената одлука број 02-5047 од 01.11.2012 година, со која на тужителот му бил изречен престанокот на работниот однос, јасно е дека тужениот само ги навел основните причини за отказ на договорот за вработување на тужителот, без да даде образложени причини за сторените повреди за кои се товари тужителот. Имено, согласно ова одлуката за отказ нема основана причина определена со закон, колективен договор, договор за вработување и правилник на работодавачот за работниот ред и дисциплина, со што не е докажано основаноста на причината која го оправдува отказот. При што треба да се има предвид дека тужениот како работодавач со свој акт требал точно да определи кога работниците ќе го користат дневниот одмор и дека не може врз основа на неутврдени акти да се цени навремено или ненавремено користење на дневниот одмор.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-376/15
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право