Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.94/2017

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 233.71 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање мај 31, 2018
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.94/2017

„Врховниот суд на Република Македонија наоѓа дека (...) правилно пониските судови го примениле материјалното право, кога го усвоиле тужбеното барање и ја поништиле како незаконита одлуката донесена од тужениот, со која на тужителката и бил откажан договорот за вработување. Заклучокот на пониските судови дека тужителката не ја сторила дисциплинската повреда која и се става на товар со оспореното решение, односно дека неоправдано отсуствувала од работа последователно повеќе од три работни дена, во целост произлегува од изведените докази во текот на постапката и фактичката состојба утврдена од истите. Ова со оглед на неспорно утврдено дека таа била на боледување до 13.01.2015 година, дека на 14.01.2015 година не се јавила на работа, но дека од 15.01.2015 година до 28.12.2015 година била оправдано отсутна од работа, согласно извештајот за спреченост за работа поради бременост. При состојба кога одлуката за откажување на договорот за вработување тужениот ја донел на 18.12.2015 година, а работниот однос и престанал без отказен рок заклучно со 14.12.2015 година, правилно судовите заклучиле дека неоправдано отсуствувала од работа само еден ден на 14.12.2015 година, бидејќи од 15.12.2015 година нејзиното отсуство од работа со издаденото боледување од доктор специјалист, е оправдано.

Од наведените причини, овој суд ги оцени како неосновани наводите во ревизијата за погрешна примена на материјалното право, бидејќи по наоѓање на овој суд, пониските судови со правилна примена на одредбите од член 74, член 81 став 4 и 5 и член 82 став 1 точка 1 и точка 6 од Законот за работни односи, правилно одлучиле дека тужбеното барање е основано и истото го усвоиле.

Овој суд оцени дека во конкретниов случај без влијание за поинакво одлучување е фактот дали тужителката навремено го известила тужениот за отсуството од работа поради привремената спреченост за работа, затоа што отказот не и бил изречен по тој основ.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1784/17
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право