- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 286.27 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање април 5, 2017
- Последна промена ноември 6, 2024
Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.96/2016
„(...) при неспорно утврдена состојба дека тужителот во два наврати застанал кај вулканизер со товарното моторно возило Хиаб Ман со рег (...) заведено во ГПС системот со идентификационен бр. (...) при што било констатирано неовластено источување на гориво од резервоарот во состојба на мирување на возилото и тоа на 03.09.2013 година во период од 14:45 до 14:49 часот системот отчитал намалување на гориво во резервоарот од 68 литри и на 06.09.2013 година во периодот од 12:41 до 13:00 часот системот отчитал намалување на горивото во резервоарот од 66 литри, по наоѓање на Врховниот суд на Република Македонија, правилен е заклучокот на пониските судови дека тужителот co погоре наведените дејствија сторил потешка повреда на работниот ред и дисциплина поради кражба и притоа му нанел материјална штета на тужениот. Оттука, правилно пониските судови го одбиле како неосновано тужбеното барање на тужителот, бидејќи во случајов неспорно е утврдено дека тужителот co погоре наведените дејствија ги сторил повредите наведени во оспорената одлука за престанок на работниот однос без отказен рок, односно дека сторил кршење на работниот ред и дисциплина во смисла на чл. 82 ст. 1 т. 5 од Законот за работни односи.
Врховниот суд на Република Македонија ги ценеше ревизиските наводи во смисла дека побиваната одлука има недостатоци со оглед што против тужителот никогаш не се водела дисциплинска постапка од второстепен орган кое нешто е обврзувачко од работодавачот со цел да се утврди правилно фактичката состојба, но најде дека се неосновани. Ова од причина што во одредбите од Законот за работните односи не се предвидува задолжително поведување на дисциплинска постапка за утврдување на кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на обврските утврдени со закон, колективен договор, акт на работодавачот и договорот за вработување без отказен рок, во смисла на член 82 од ЗРО, а во случајов се изведени доволно писмени докази меѓу кои и наод и мислење од вешто лице С. Г. од кои пониските судови правилно утврдиле дека тужителот извршил кражба на гориво со што му нанел материјална штета на тужениот, а кражбата претставува потешко кршење на работната обврска предвидена во член 82 став 1 точка 5 од Законот за работните односи.
Наводите во ревизијата во смисла дека доколку тужителот сторил кражба на гориво, против него требало да биде поднесена кривична пријава до МВР, но тоа не било сторено, како и тоа дека на тужителот не му е утврдена вина со правосилна кривична пресуда, овој суд најде дека се неосновани. Ова од причина што, согласно член 11 став 3 од Законот за парничната постапка, во парничната постапка судот во однос на постоењето на кривичното дело и кривичната одговорност на сторителот е врзан за правосилната пресуда на кривичниот суд со која обвинетиот се огласува за виновен, но не е врзан кога обвинетитот е ослободен од обвинение или кога јавното обвинителство се откажало од гонење, додека пак, граѓанската одговорност е поширока одговорност од кривично правната одговорност, па судот одлучува во рамките на поставеното тужбено барање, односно дали кај тужителот постои вина или (крајна) небрежност за дејствијата кои ги преземал кај тужениот како работодавач, од аспект на граѓанската одговорност заради утврдување на повреди, односно кршење на работен ред и дисциплина како работник, согласно одредбите на Законот за работните односи.”