- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 254.55 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање октомври 5, 2016
- Последна промена ноември 6, 2024
Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.109/2015
„(...) Впрочем, првостепениот суд погрешно утврдил дека од причина што настанот се случил надвор од работното време на тужителот и истиот не бил во униформа, не можат да се применуваат обврските опишани со законски и подзаконски акти и не може да се ставаат на товар дека направил повреда на работната дисциплина. Второстепениот суд во конкретниот случај нашол дека однесувањето на тужителот не било соодветно на целокупната ситуација, бидејќи тој како професионалец требал да се однесува поинаку според правила пропишани за полициски службеници и да биде пример во средината, да го чува сопствениот углед и угледот на Министерството за внатрешни работи.
Врховниот суд на Република Македонија, ценејќи ги ревизиските наводи во целост се согласил со причините дадени во образложението на второстепениот суд. Имено, овој суд најде дека правилно второстепениот суд утврдил дека тужителот бил обврзан како вработен во министерството да го одржува јавниот ред и мир, да презема мерки со цел спречување за нарушување на јавниот ред и мир, самиот да не биде учесник во нарушувањето на јавниот ред и мир, за што истиот бил обучуван и требало да биде свесен дека неговата реакција не е адекватна и сообразна со дадените околности во конкретниот случај. Исто така тужителот како овластено службено лице бил должен да постапува согласно правилата за однесување на тужениот и да ги почитува истите, како за време на вршење на службата, така и вон службата, во секое време, со пристојно однесување да биде пример за останатите граѓани, да придонесува во чување и подигање на угледот во службата за внатрешни работи и воопшто во државата, а сето ова согласно член 2 од Законот за полицијата и член 13 од истиот закон.”