- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 256.31 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање ноември 23, 2016
- Последна промена ноември 6, 2024
Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.113/2015
„По наоѓање на Врховниот суд на Република Македонија, правилно пониските судови го примениле материјалното право кога го усвоиле тужбеното барање на тужителката. Имено, од изведените докази пред пониските судови неспорно било утврдено дека тужителката согласно член 141 став 1 точка 8 и 9, член 142 став 1 точка 5 и член 149 став 1 точка 5 од Законот за внатрешни работи, член 2, член 11 и член 30 од Правилникот за начинот на вршење на полициските работи, согласно член 16 од Кодексот на полициска етика и согласно член 3 од Законот за полиција, со постапувањето во текот на водењето на постапката за утврдување на тоа кој е сторител на оштетувањето на нејзиното возило, сторила потешки повреди - кршење на работната дисциплина. Меѓутоа, согласно член 236 став 3 од Колективниот договор на МВР, Министерот го донесува решението во рок од 3 месеци од денот на пријавувањето на повредата на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски, а најдоцна во рок од 6 месеци од денот кога е сторена повредата, а согласно ставот 4 од истиот член, како ден на пријавување во став 3 на овој член се смета денот на поднесување на предлогот за утврдување на дисциплинска одговорност од овластениот подносител, а во конкретниот случај повредата е сторена на ден 20.03.2014 година, додека решението за престанок на работниот однос од страна на Министерот е донесено на 07.10.2014 година, што значи дека тужениот го запазил субјективниот рок, а тоа е моментот на дознавањето со поднесувањето на пријавата која што е поднесена на 01.09.2014 година, а решението е на 07.10.2014 година, но објективниот рок од 6 месеци од моментот на сторувањето на повредата е поминат, а исто така постои и застареност согласно член 94 став 1 од Законот за работни односи („Службен весник на РМ“ бр. 62/2005;...25/13), според кој субјективниот рок изнесува 6 месеци од дознавањето на повредата, а тоа е 21.03.2014 година, а решението за престанок на работниот однос е донесено на 07.10.2014 година, што значи дека постои застареност согласно погоренаведените одредби од Колективниот Договор и Законот за работни односи.
Неосновани се ревизиските наводи на тужениот дека пониските судови требале да ја применат одредбата од член 94 од Законот за изменување на Законот за работни односи („Службен весник на РМ“ бр. 170 од 06.12.2013 година), каде по ставот 1 се додава нов став во кој се променети роковите во кој работодавачот може да му даде отказ на работникот поради причини на вина од страна на работникот кој бил во важност во време на донесување на решението за отказ, каде е предвидено дека работодавачот може да му даде на работникот отказ на договорот за вработување во рок од 6 месеци од денот на дознавањето на фактите кои се основа на давањето на отказ, односно во рок од 12 месеци од денот на настапувањето на фактите кои се основа за давање на отказот. Ова, од причини што согласно Законот за изменување на Законот за работни односи („Службен весник на РМ“ бр. 170 од 06.12.2013 година) во член 4 е предвидено дека овој закон влегува во сила осмиот денот на објавувањето во Службен весник на РМ, а членот 2 ќе започне да се применува од 01.05.2014 година, што значи дека во конкретниот случај овој закон не наоѓа примена.”