Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.128/2017

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 485.89 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање мај 9, 2018
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.128/2017

„Според Врховниот суд на Република Македонија, ревизискиот навод за погрешна примена на материјалното право, во делот за враќање на работа е основан. Имено, според овој суд фактите кои влијаат на оценката на застареноста на решението за откажување на договорот за вработување, во конкретниот случај не се спорни, односно не е спорно дека барањето за дисциплинска постапка за докажување на основаноста на причините за откажување на договорот за вработување на тужителот бр.09-1804/1 е поднесено на ден 28.12.2011 година, додека Одлуката за откажување на Договорот за вработување бр.09-1804/29 е донесена на ден 05.04.2012 година. Имајќи го предвид горенаведеното, според овој суд пониските судови извлекле погрешен заклучок дека во конкретниот случај не настапила застареност во делот на рокот за донесување на решението за отказ. Отказ на договорот од лични причини на страна на работникот работодавачот може да му даде на работникот во рок од 3 месеци од денот на дознавањето за фактите кои се основа за давање на отказот. Врховниот суд прифаќа дека од содржината на барањето за дисциплинска постапка е јасно каква повреда е сторена и кој ја сторил истата, па според тоа од 28.12.2011 година почнува да тече рокот на застареност. Решението за откажување на договорот за вработување на тужениот е донесено на ден 05.04.2012 година, односно 3 месеци и 7 дена од поведување на дисциплинската постапка, па овој суд прифати дека во конкретниот случај настапила застареност за изрекување на отказ на тужителот. Околноста што во текот на траењето на постапката за утврдување на одговорноста имало одлагање на одредени рочишта според овој суд не е основ за настапување на прекин на рокот за застареност.

Исто така, според овој суд во текот на постапката е јасно укажано и утврдено, а меѓу странките не е спорно, дека боледувањето во оригинален примерок било доставено кај тужениот и дека тужениот ставил забелешка на тој примерок.

Во насока на наведеното, како овој суд утврди дека решението за откажување на договорот за вработување е незаконито следуваше да го врати работникот на работно место кое одговара на неговата стручна подготовка, а од истите причини овој суд го одби барањето на тужителот, тужениот да го распореди на негово работно место, на кое работел тужителот пред откажување на договорот.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-242/18
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право