- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 240.54 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање септември 27, 2018
- Последна промена ноември 6, 2024
Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.131/2017
„Имено, во конкретниот случај од утврденото произлегува дека тужителот на 02.11.2015 година усно го известил претпоставениот дека наредниот ден има закажано преглед на лекар. По извршениот преглед му било издаден извештај и совет за мирување и боледување по што тужителот од матичниот лекар кај тужениот било издадено уредно боледување во периодот од 03.11.2015 година до 16.11.2015 година и ваквото боледување го испратил во дирекцијата на тужениот преку шоферот на комбето што возело на релација С. - К., а кое нешто било пракса кај тужениот. Дека тужениот бил известен за причините за отсуството на тужителот е утврдено од доказите дека тужителот наредниот ден на 04.11.2015 година телефонски ги известил претпоставениот и правникот за отвореното боледување.
Судот при одлучувањето ги ценеше и наводите во ревизијата на тужениот дека издаденото боледување не било уредно, дека матичниот лекар отворил боледување со антидатирање за почеток, дека било констатирано од Фондот за здравствено осигурување дека медицинската документација била неуредно водена, но најде дека истите се неосновани.
Во конкретниот случај, судот ја цени основаноста на оспореното решение за престанок на работниот однос донесено во смисла на член 82 став 1 од Законот за работните односи, односно дали тужителот ги сторил повредите кои му се ставаат на товар, дали неоправдано отсуствувал од работа во деновите 03, 04 и 05.11.2015 година, при што е утврдено дека тужителот имал уредно боледување за деновите за кој е изречен престанокот и кои се сметаат како неуреден изостанок од работа. По однос на уредноста, односно неуредноста на медицинската документација и постапката водена кај матичниот лекар, не е предмет на оцена во постапка во која се цени законитоста, односно незаконитоста на решение за престанок на работен однос, поради што најде дека истите се без влијание за поинакво одлучување.”