Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.190/2016

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 292.64 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање март 16, 2016
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.190/2016

„(...) по наоѓање на Врховниот суд на Република Македонија, второстепениот суд правилно го применил материјалното право, кога го одбил како неосновано тужбеното барање на тужителот, бидејќи прифатил дека тужителот сторил повреда на работниот ред и дисциплина и не ги исполнувал работните обврски од член 108 став 1 точка 24 и 26 од Колективниот договор, со што ја сторил повредата што му се става на товар, а заради која и му бил даден отказот.

Врховниот суд на Република Македонија, наоѓа дека е правилно стојалиштето на второстепениот суд дека одлуката за откажување на договорот за вработување е донесена во законски спроведена постапка и истата е правилна и законита, а со оглед на утврдените решителелни факти дека тужителот при своето работење не се придржувал на кодексот на однесување, грубо и непристојно се однесувал на работното место со странки, поради што имало и поплаки од повеќе корисници, дека не го почитувал работното време и начинот на облекување согласно поединечните упатства на тужениот, за што повеќе пати бил писмено предупредуван, како и фактот за континуираното погрешно реконектирање на телефонски приклучоци. Оттука, правилно прифатил второстепениот суд дека тужителот со непочитувањето на работните правила и обврски, постапувал спротивно на предвиденото во член 31 и 34 од Законот за работни односи, со што сторил повреда на работниот ред и дисциплина согласно член 81 став 2 од Законот за работни односи и член 108 став 1 точка 24 и 26 од Колективниот договор.”

Претходно Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.71/2015
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право