Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.194/2016

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 334.28 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање декември 13, 2017
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.194/2016

„(...) правилен е заклучокот на пониските судови дека тужителот не презел се што е потребно во рамките на неговите законски овластувања, спроведувањето на притвореното лице да го стори безбедно, односно да преземе се што е потребно навреме за да го спречи бегството и да го фатат притвореното лице, од што произлегува дека тужителот ја сторил повредата на работниот ред и дисциплина која му се става на товар со побиваните решенија.

Тужителот во ревизијата наведува дека пониските судови погрешно го примениле материјалното право кога одлучиле на наведениот начин, со оглед да заклучиле дека тужителот сторил повреда на работниот ред и дисциплина кои му се ставаат на товар, без притоа да имаат предвид дека на тужителот не му биле дадени потребните известувања за личните својства на лицето кое требало да се спроведува и дека фактот што притвореното лице побегнало не мора да значи дека постои дисциплинска одговорност и вина кај тужителот, со оглед да истиот во целост постапил согласно Правилникот. Врховниот суд на Република Македонија ги оцени како неосновани ваквите наводи, со оглед да пониските судови врз основа на изведените докази, дале доволно образложени причини во однос на преземените дејствија од страна на тужителот на критичниот ден, имајќи ги предвид обврските кои биле предвидени со закон и Правилник за вработените кај тужениот и начинот на извршување работните задачи кои им се доверени, а кои произлегуваат од работниот однос.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-952/17
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право