Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.252/2014

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 270.90 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање ноември 26, 2015
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.252/2014

„Овој суд наоѓа дека правилно пониските судови утврдиле дека во конкретниот случај тужителката со објавување на недолични слики – без облека и видео клип со недолична содржина на социјалната мрежа Facebook, го повредила Етичкиот кодекс на тужениот, поточно точка 3 според која наставниците со своето однесување треба да промовираат високи морални вредности и да бидат пример за учениците, да внимаваат на својот морален лик, авторитетот да го добиваат со својата работа и однесување, да се спротивставуваат на неетичкото однесување на други субјекти, ученици, родители и сл. Според наоѓањето на овој суд, правилно пониските судови застанале на стојалиште дека без оглед на тоа што сликите се објавени на Facebook профилот на тужителката, без нејзина согласност, тужителката била должна да го чува својот углед како и угледот на училиштето, постапувајќи со зголемено внимание при користење на социјалната мрежа. Во таа насока, правилно пониските судови заклучуваат дека вака објавените содржини на Facebook го намалуваат угледот на училиштето и укажуваат на ниски морални вредности кои не само што го уриваат кредибилитетот и моралните вредности на тужителката како вршител на воспитно образовна дејност, туку и воспитно образовниот процес кај тужениот. Следствено на ова, според наоѓањето на Врховниот суд на Република Македонија, оспорената одлука за откажување на договорот за вработување на тужителката е законита и донесена врз основа на член 34 и член 82 став 1 и 2 од Законот за работните односи во врска со точка 3 од Етичкиот кодекс на тужениот.

По наоѓање на Врховниот суд на Република Македонија, неоснован е наводот во ревизијата на тужителката дека пониските судови не постапиле според напатствијата и укажувањата на Врховниот суд, односно дека не го утврдиле решителниот факт дали фотографиите се оригинални или се неверодостојни, а со тоа и дека погрешно го примениле правилото за товарот на докажување. Имено, а како што е утврдено од второстепениот суд, утврдувањето на наведениот факт се врши преку изведување на доказ - вештачење со кое би се утврдило дали станува збор за оригинални слики или фотомонтажа, а со оглед да таков доказ не е предложен во првостепената постапка, судовите во утврдувањето на фактите се раководеле од изведените докази, како што се исказите на сведокот Л. Д. и на застапникот по закон на тужениот, од кои прифатиле дека на Facebook профилот на тужителката се објавени слики со недолична содржина (...).”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-404/15
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право