Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.3/2019

  • Version
  • Преземи 2
  • Големина на фајлот 507.93 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јули 3, 2019
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.3/2019

„(...) по наоѓање на овој суд правилно пониските судови го примениле материјалното право кога го одбиле тужбеното барање на тужителот, повикувајќи се притоа на одредбите од член 71 став 2, член 72, член 81 став 1 точка 2, член 82 став 1 точка 5, член 86 и член 94 став 1 од Законот за работни односи, како и член 122 став 1 точка 5 од Колективниот договор на тужениот, бидејќи правилно заклучиле дека одлуката за отказ е законита и дека тужителот ја сторил повреда што му се става на товар. Ова, од причина што тужителот како вработен кај тужениот, според Договорот за вработување, бил должен да ја почитува организацијата на работата и работните задачи на работното место магационер да ги извршува совесно и во согласност со Правилникот за работниот ред и Колективниот договор на тужениот.

Неосновани се ревизиските наводи дека побиваната одлука е незаконита, бидејќи од истата не може да се утврди на кои начин е сторена повредата на работниот ред и дисциплина, односно кои обврски тужителот несовесно ги извршил и предизвикал штета на тужениот. Ова од причина што и по наоѓање на овој суд правилен е заклучокот на судовите дека тужителот ја сторил повредата што му се става на товар, бидејќи во континуитет не си ја вршел својата работа и се однесувал неодговорно и несовесно со суровините кои се чувале во магацинот, а со кои тој бил задолжен, како и утврдениот решителен факт дека тој бил единствениот кој имал клуч од тој магацин, како и фактот дека при одењето на одмор и по враќањето не извршил никаква проверка на материјалите во магацинот и не направил никаков записник за состојбата во истиот. Дека е тоа така и дека тој во континуитет не ги извршувал своите работни обврски, укажува фактот што во случај недостасува голема количина на бакар, кое доколку редовна се правела проверка во магацинот не било можно да не се забележи.

За ревизиските наводи дека на тужителот писмено не му било наредено секојдневно да ја проверува стоката и да врши обиколка во магацинот, овој суд оцени дека се без влијание за поинакво одлучување, со оглед дека тој како магационер кој бил задолжен со материјалите во магацинот и самиот требало да биде свесен и одговорен и редовно да ја проверува состојбата во магацинот. Оттука, и по наоѓање на овој суд тужителот со непочитувањето на организацијата на работа, на работниот ред и со неисполнување на своите обврски, ја сторил повредата што му се става на товар и му предизвикал штета на работодавачот, па дека донесеното решение со кое му бил откажан договорот за вработување, е правилно и законито.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-340/19
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право