Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.126/2018

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 865.34 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање април 10, 2019
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.126/2018

„Врховниот суд на Република Северна Македонија, наоѓа дека правилно пониските судови го примениле материјалното право, кога го усвоиле тужбеното барање и ги поништиле како незаконити Одлуката за откажување на договорот за вработување од 29.12.2016 година и Одлуката по приговорот од 17.01.2017 година, бидејќи правилно заклучиле дека во случајов не се исполнети законските претпоставки од член 72, член 74 и член 81 став 1 точка 1 од Законот за работни односи. Ова со оглед на утврденото дека тужителот на спорните денови редовно доаѓал на своето работно место - магацинот, но дека од страна на работодавачот му било оневозможено да ги извршува своите работни задачи, бидејќи магацинот бил затворен, што е утврдено и од исказот на трудовиот инспектор кој изјавил дека магацинот е затворен и не работи, па надзорот е спроведен во друга подружница, а работодавачот не го известил тужителот каде да се јави на работа, како и неуредната евиденција на тужениот за присуство на работа, за да може да утврди дали тужителот отсуствувал од работа. Оттука, и по оценка на овој суд произлегува правилниот заклучок на судовите дека тужениот не ја докажал основаноста на причината поради која на тужителот му бил даден отказот, односно не докажал дека ја сторил повредата која му се става на товар, па дека побиваното решение е незаконито и спротивно на одредбите од Законот за работни односи.

Неосновани и без влијание за поинакво одлучување се ревизиските наводи на тужениот дека во спорните денови вработени на тужениот од Ш., извршувале работни задачи во подржницата бр. 14 - магацинот во кој работел тужителот и дека тој во наведените денови не доаѓал на работа, од причина што веќе биле истакнати и ценети од страна на пониските судови и за нив има дадено доволно образложени причини во побиваните пресуди, со кои во целост се согласува и овој суд. Ова особено во делот на заклучокот на судовите, а кој неспорно произлегува од изведените докази, дека записниците за присуство на работа во подружницата бр. 14, се заведени кај тужениот со архивски броеви поголеми од архивските броеви на одлуката за отказ и на одлуката по приговорот, од што и по оценка на овој суд произлегува дека се изготвени после одлуката за отказ.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-150/19
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право