Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.57/2015

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 286.61 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање април 6, 2016
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.57/2015

„По наоѓање на Врховниот суд на Република Македонија, правилно пониските судови го примениле материјалното право кога одлучиле дека во конкретниот случај не се исполнети законските претпоставки од член 95 од Законот за работните односи, па го усвоиле тужбеното барање на тужителот, ја поништиле одлуката на тужениот за отказ на договор за вработување од деловни причини бр.03-253 од 22.03.2013 година и го задолжиле тужениот да го врати тужителот на работа и распореди на работно место соодветно на неговата стручна подготовка. Ова, од причини што тужениот во текот на постапката не ја докажал лошата финансиска состојба и покажани загуби од тужениот во работењето, како причина за донесување на Програмата за рационализација на работните места, а во спроведената постапка за технолошки вишок, тужениот не изготвил нов Правилник за систематизација на рационализираните работни места, со назив и број на вработени после технолошкиот вишок, туку има само одлука за вреднување на работни места. Понатаму, тужениот не ја оправдал постапката за укинување на работното место на тужителот, имајќи во предвид дека истиот вршел работни задачи за во архива и во архивата, зошто тужениот имал потреба да ја раздолжува архивата со други вработени, односно не навел дали се преземани мерки за доквалификација или преквалификација на тужителот, дали имало можност од понуда за нов договор за вработување, како би го задржал статусот на вработено лице. Тужениот не ја докажал економската оправданост на укинување на работното место на тужителот, како избрано лице од Собирот на работници за вршење на работи по Законот за здравје и безбедност при работа, дотолку повеќе што тужениот и пред постапката за технолошки вишок имал склучено договор со друштвото ГМЦ. Од овие причини, правилно пониските судови постапиле кога одлучиле на наведениот начин, поради што и побиваната пресуда е правилна и законита.”

Претходно Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.63/2015
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право