Пресуда на Основен суд Скопје РО-584/14

  • Version
  • Преземи 7
  • Големина на фајлот 190.37 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање март 20, 2015
  • Последна промена август 13, 2022

Пресуда на Основен суд Скопје РО-584/14

„Во конкретниов случај спорно беше дали тужениот при донесување на оспорената одлука ја запазил формата, односно дали тужениот постапил согласно со законските одредби.

Така, во конкретниот случај судот го имаше предвид член 200, ст. 1, 2, 3, 5 и 6 од Законот за работните односи каде што е предвидено дека синдикалниот претставник е заштитен од отказ согласно со овој закон и на синдикалниот претставник заради синдикална активност, не може да му се намали платата или да му се откаже договорот за вработување, дека на синдикалниот претставник за време на вршење на должноста, работодавачот може да му го откаже договорот за вработување само со претходна согласност од Синдикатот, ако Синдикатот не даде согласност, согласноста може да се надомести со судска одлука како и дека заштитата пред отказ на лицата од ставот 1 на овој член трае цело време за времето на траењето на мандатот и најмалку 2 години по престанување на мандатот.

Според Судот, од анализата на наведениот член произлегува дека доколку работниот однос на синдикалниот претставник, односно синдикалниот фукционер му престане со отказ од страна на работодавачот, работодавачот во овој случај може да му го откаже договорот за вработување само со претходна согласност од Синдикатот. Во конкретниот случај, тужениот не достави било каков доказ дека барал согласност од Синдикатот, иако согласно со горенаведените одредби е стриктно наведено дека работодавачот има обврска да бара согласност од Синдикатот при откажување на договорот за вработување на работник."

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-653/14
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право