- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 747.53 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање мај 5, 2021
- Последна промена јули 11, 2024
Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-110/21
(...) „Во член 219 од Законот за работните односи, е предвидено дека поединечен колективен договор склучуваат репрезентативниот синдикат кај работодавачот и овластено лице од работодавачот. Во член 220 од истиот Закон е предвидено дека, поединечен колективен договор на јавните претпријатија и јавните установи склучуваат со основачот или органот кој тој ќе го овласти и репрезентативниот синдикат на работодавецот. Поединечниот колективен договор не се објавува во службен весник, туку во службени гласила кај работодавачот или се истакнува на огласна табла. Со оглед на фактот дека во вештиот наод вештото лице има констатирано дека процентите за додатоци на плата биле земени од колективниот договор на тужениот, а во списите на предметот нема таков колективен договор, нејасно е дали во тој колективен договор регулирани се сите додатоци на плата и процентите на додатоците кои ги побарува тужителот.
(...) Судот да го прибави колективниот договор на тужениот со сите измени и дополнувања и да утврди за кои додатоци на плата тужителот би имал право на зголемување и колкав е процентот. Доколку по одредени основи, пример како работа во смени и работа во ден на неделен одмор не е предвиден додаток на плата по Колективниот договор на тужениот, да го има во предвид Општиот колективен договор за јавниот сектор и неговите измени и дополнувања. Врз основа на она што е уредено по колективните договори на ниво на работодавач и Општиот колективен договор за јавен сектор, вештото лице да го дополни наодот и мислењето и тоа за оние додатоци кои се предвидени со колективен договор на тужениот, процентите да ги земе од тој договор, а за додатоците кои не се предвидени со колективниот договор на тужениот, а се предвидени во колективниот договор за јавен сектор, процентите да ги земе од тој колективен договор.”