- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 787.96 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање мај 3, 2022
- Последна промена јули 12, 2024
Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-144/22
(...) „Согласно чл. 37 ст. 1 од Законот за јавните претпријатија, работните места на вработените во јавните претпријатија се групираат во групи и подгрупи согласно со Законот за вработените во јавниот сектор и тоа јавни службеници, даватели на јавни услуги во јавните претпријатија и помошно технички лица.
Согласно чл. 37-б од истиот закон за вработените кои имаат статус на даватели на јавни услуги, за нивниот работен однос се применуваат одредбите од овој закон, Законот за вработените во јавниот сектор и колективните договори.
Согласно чл. 37-ц од Законот за јавните претпријатија начинот на утврдување на основната плата и на додатоците на плата за вработените во јавните претпријатија ги утврдува Управниот одбор на јавното претпријатие, а вредноста на бодот на основната плата ја утврдува директорот на јавното претпријатие.
Согласно чл. 11 ст. 1 т. 6 од Законот за јавните претпријатија основачот на јавното претпијатие дава согласност на актот за утврдување на висината на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во јавниот сектор.
Согласно чл. 19 ст. 2 т. 9 од Законот за јавните претпријатија, управниот одбор на јавното претпријатие го донесува актот за утврдување на висината на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во јавното претпријатие.
Согласно чл. 50 од Колективниот договор, за работниците во јавното претпријатие за стопанисување со шуми М. Ш. ПО С., платата на работникот се состои од основна плата, дел на плата за работна успешност и додатоци на плата.
Согласно чл. 51 од Колективниот договор основната плата за одделни работни места се определува така што најниската плата се множи со вкупниот коефициент при што се добива бодовна стапка за секое работно место која е утврдена во органограмот, аналитичка проценка од Правилникот за внатрешна организација и систематизација и исплата на плати на ЈП М. Ш. Номиналната вредност на платата се утврдува така што бодовната стапка се множи со вредноста на бодот.
Член 52 од Колективниот договор каде беше предвидено дека вредноста на бодот ја утврдува Управниот одбор секој месец во зависност од остварувањето на производно-финансов план согласно утврдените критериуми е укинат со Одлука на Уставниот суд У.бр.120/19 од 23 септември 2020 година. Согласно овој член кој е укинат, директорот на претпријатието имал овластување да ја утврдува вредноста на бодот за секој месец во зависност од остварувањето на производно-финансовиот план согласно утврдените критериуми при што вредноста на бодот можела да се движи од 0,70 до 1,30. Согласно на овој сега укинат член, директорот кај тужениот носел Одлуки за утврдување на вредноста на бодот секој месец и согласно тие Одлуки со различна вредност на бодот му била исплаќана платата на тужителот, односно по бодовната ставка која му била утврдена во аналитичката картичка која била множена со вредност на бодот.
Меѓутоа, со оглед да чл. 52 од Колективниот договор е укинат, а во време кога беше во сила е донесен закон, се применува чл. 37-ц од Законот за јавните претпријатија. Согласно оваа законска одредба вредноста на бодот на јавното претпријатие ја утврдува директорот на јавното претпријатие, но не на сите компоненти на платата (основната плата и додатоците), туку само на основната плата.
Меѓутоа, согласно чл. 37-ц од Законот за јавните претпријатија, начинот на утврдување на основната плата и додатоците на плата на вработените во јавните претпријатија ги утврдува Управниот одбор во јавното претпријатие и управниот одбор на јавното претпријатие го донесува актот за утврдување на висината на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во јавното претпријатие согласно чл. 19 ст. 2 т. 9, на кој акт основачот на јавното претпријатие дава согласност.”