- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 1.09 MB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање ноември 10, 2021
- Последна промена јули 12, 2024
Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-348/21
(...) „Согласно чл. 117 ст. 4 од ЗРО, на работникот кој работел над 150 часа подолго од полното работно време, а не отсуствувал од работа повеќе од 21 ден во текот на годината, кај истиот работодавач, во кој не се засметуваат деновите на искористен одмор работодавачот е должен да му исплати покрај додаток на плата и бонус во висина на една просечна плата во Републиката.
Основано во жалбата се укажува дека правото на бонус тужителите го остваруваат од одработените над 150 часа подолго од полното работно време во текот на целата година, што значи дека бонусот доспева за исплата на 31.12. во текот на годината, во кој работникот остварил над 150 часа подолго од полното работно време. Од доставениот наод и мислење произлегува дека тужителите во периодот од 01.07.2017 година заклучно со 31.12.2017 година, оствариле повеќе од 150 часа и тоа тужителот Б. 153 часа прекувремена работа, а тужителот А. 151 прекувремени часови.
По мислење на овој суд пресудата во одбиениот дел за исплата на бонус плата за 2017 година е нејасна и неразбирлива. Точно е дека тужителите потпишале спогодби дека нема никакви побарувања од работодавачот до 30.06.2017 година, меѓутоа во периодот кога се потпишани спогодбите, се поставува прашањето дали правото за исплата на бонус за 2017 година беше стасано. Поради наведеното овој суд смета дека пресудата во одбиениот дел за исплата на бонус плата за 2017 година е нејасна и неразбирлива.”