- Version
- Преземи 3
- Големина на фајлот 333.43 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање мај 15, 2017
- Последна промена јануари 21, 2023
Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-317/17
(...) „Член 113 од Законот за работните односи предвидено е дека трошоците за исхрана од став 4 на овој член можат да изнесуваат најмногу до 20% од просечната нето плата по работник исплатена во претходната година, а трошоците за превоз во висина на стварните трошоци во јавниот сообраќај.
Цитираната одредба од член 113 од Законот за работните односи не може да се примени во конкретниот случај бидејќи станува збор за дневни трошоци за храна. трошоци за превоз. Во конкретниот случај треба да најде примена член 128 од Законот за работните односи во која одредба е предвидено дека работодавачот на негов трошок е должен на работниците кои работат ноќно време да им обезбеди подолг одмор, соодветна храна, стручно раководство на работникот итн., а работодавачот не смее да го распореди работникот на ноќна работа на кој нема да му обезбеди услови за превоз до и од работа.”