- Version
- Преземи 2
- Големина на фајлот 726.04 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање октомври 19, 2022
- Последна промена јули 13, 2024
Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-370/22
(...) „Со оглед да овој спор бил заведен пред да се отвори постапката за ликвидација и тужениот односно ликвидаторот бил запознат со ваквата постапка, бидејќи истиот поднел одговор на тужба со која го оспорил тужбеното барање, а исто така било вршено и вештачење во книговодствената евиденција на тужениот, согласно член 544 од ЗТД ликвидаторот бил должен познатите доверители, меѓу кои и тужителката да ги извести поединечно и во писмена форма за постапката за ликвидација, а кое нешто не било сторено, Овој суд оценува дека тужителката во никој случај со отворањето на постапката за ликвидација не го губи правото во оваа судска постапка да бара да ги остварува своите права и парични побарувања од работниот однос, а кои се предмет на тужбеното барање по кое се води оваа парнична постапка. Од ова произлегува дека нејасни се причините на првостепениот суд за одбивање на тужбеното барање на тужителката поради пропуштање на рокот за пријавување на нејзиното побарување и дека тужителката само во ликвидационата постапка имала право да го остварува своето побарување, а не во оваа судска постапка, а кое нешто ја чини наведената суштествена повреда.”