- Version
- Преземи 1
- Големина на фајлот 1.12 MB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање март 2, 2022
- Последна промена јули 21, 2024
Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-40/22
(...) „Од цитираните одредби произлегува дека при вработувања во јавниот сектор покрај посебниот закон, во случајот Законот за здравствена заштита се применува и Законот за вработените во јавниот сектор кој упатува на околноста дека на избор по оглас се избира најстучниот и најкомпетентниот кандидат, а тоа согласно чл. 6 ст. 1 од Законот за вработените во јавниот сектор. Меѓутоа, во конкретниот случај неспорно произлегува дека биле избрани кандидати кои имале помал број бодови од освоените бодови на тужителките. Од чл. 161 од Законот за здравствена заштита, произлегува дека од сите пријавени кандидати на ранг листата не може работоводниот орган по сопствен избор да избира медицински сестри и физиотерапевт по објавениот оглас, туку изборот се прави врз основа на ранг листа предложена од комисијата за селекција. Ранг листа се прави со најмалку три кандидати, доколку има повеќе од три кандидати кои ги исполнуваат условите. Што значи дека за секое работно место на кое работат кандидатите се прави ранг листа од три кандидати, ако има повеќе од три. Од тие ранг листи врз основа на критериумите на стручност и компетентност и правична застапеност на припадниците на заедниците, согласно чл. 156 од Законот за здравствена заштита, а по спроведеното интервју се избира најстручниот и најкомпетентниот кандидат за работното место во транспарентна, фер и конкурентна постапка на селекција.”