- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 604.87 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јануари 14, 2021
- Последна промена јули 11, 2024
Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-516/20
(...) „Првостепениот суд утврдува дека тужителот претрпел нематеријална штета, меѓутоа не е утврдено дека тужителот за време кога ги вршел работните задачи кај тужениот претрпел повреда на работното место. Вештото лице наведува дека една причина за настанатата повреда може да биде диспозиција и да се работи за лично својство на тужителот. Неспорен аргумент е дека истиот имал здравствени проблеми со слабинскиот дел и поради тоа се јавувал на здравствени прегледи. Точно е тоа дека согласно наодот од Инвалидската комисија, тужителот не требало да работи работни задачи поврзани со пренесување на тешки предмети и работа на висина, меѓутоа доколку сметал дека на работното место бравар втора група на кое работел од 2017 година му е загрозено неговото здравје и по известувањето на тужениот дека не треба да работи на висина и да крева терет, ако истиот не постапувал по наодот од Фондот, имал можност да бара од тужениот ако му е повредено неговото право и да се отстрани кршењето на таквото право. Согласно Договорот за вработување на тужителот од 31.07.2017 година, во член 12 се содржани и обврските на работникот, каде помеѓу другото должен да ги почитува прописите при заштита во работа, да го заштити животот и здравјето, како и животот и здравјето на другите лица ако му се заканува непосредна опасност по животот и здравјето и да одбие да работи поради неспроведување на пропишаните мерки за заштита при работа и да го извести работодавачот за околностите кои влијаат, односно би можеле да влијаат по животот или здравјето или за настанување било каква штета.
Во конкретниот случај тужителот го доставил наодот од Фондот за ПИОМ до тужениот, меѓутоа тужениот го имал во предвид и основано во жалбата се укажува дека првостепениот суд не го ценел записникот на тужениот од 22.01.2018 година со инструкциите и задолжението после тоа кои работни задачи требало да ги извршува тужителот кај тужениот.”