- Version
- Преземи 1
- Големина на фајлот 780.20 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање април 4, 2022
- Последна промена јули 21, 2024
Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-49/22
(...) „Имено, согласно член 12 од Уредбата, неформалното образование се вреднува на начин што секое уверение или секој меѓународно признат стручен сертификат кој е поврзан со област која е релевантна за работното место, се вреднува со 1 бод, при што за неформално образование може да се добие најмногу 3 бода.
Од оваа одредба несомнено произлегува дека за неформално образование се доделуваат бодови за поседување на уверение или меѓународно признат стручен сертификат кој е поврзан со област која е релевантна за работното место. Првостепениот суд во причините наведува и прифаќа дека на тужителката по основ на неформално образование согласно член 12 од Уредбата требало да и се доделат 2 бода за доставените сертификати од Државната изборна комисија и од Третата политичка академија за социјална демократија, меѓутоа нејасно е од кои докази првостепениот суд утврдува и заклучува дека ваквите приложени сертификати претставуваат меѓународно признати стручни сертификати и дека истите се поврзани со областа која е релевантна за предметното работно место, во смисла на членот 12 од Уредбата. Ова од причини што од самите приложени сертификати не произлегува и не може да се заклучи дека истите се меѓународно признати стручни сертификати како што е предвидено во наведената одредба, а од друга страна не е приложен друг доказ дека ваквите сертификати се меѓународно признати стручни сертификати, за да истите се прифатат како такви и да се доделат бодови согласно наведената одредба од Уредбата.”