Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-63/22

  • Version
  • Преземи 1
  • Големина на фајлот 1,003.26 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање март 7, 2022
  • Последна промена јули 13, 2024

Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-63/22

(...) „Во конкретниот случај од страна на тужениот до Општина Б.1 поднесено е барање за трансформација на работниот однос на тужителката од определено на неопределено работно време и од страна на комисијата по таквото барање сеуште не е постапено, што значи дека постапката по Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта сеуште не е завршена. Бидејќи се работи за постапка кај работодавачот и не е донесена конечна одлука во врска со трансформацијата на работниот однос, овој суд е на мислење дека, одлуката на судот не зависи од решавање на претходното прашање, односно не се исполнети условите за прекин во смисла на чл. 201 од ЗПП, во врска со чл. 11 од истиот закон заради што овој суд го укина решението и предметот го врати на првостепениот суд на понатамошно постапување. При понатамошното постапување судот ќе цени дали се исполнети условите за трансформација на работниот однос од определено на неопределено време кои услови детално се предвидени во чл. 66 од Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта.”

Претходно Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-40/22
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право