- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 1.10 MB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање март 17, 2022
- Последна промена јули 21, 2024
Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-80/22
(...) „Согласно чл. 208 ст. 1 т. 10 од КД на тужениот, работникот врши потешко кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски утврдени со закон, колективен договор, правила и прописи на Министерството и договор за вработување, доколку постапува спротивно на правилата и прописите на Министерството. Истото тоа е пропишано и во чл. 187 ст. 1 т. 10 од Законот за внатрешни работи.
Во конкретниот случај, судот утврди дека во решението со кое на тужителот му е изречена парична казна тужениот наведува дека тужителот направил потешка повреда од член 208 став 1 точка 10 од КД на тужениот в.в. со член 187 став 1 точка 10 од Законот за внатрешни работи, која е сторена доколку работникот постапува спротивно на правилата и прописите на Министерството.
Согласно член 2 став 1 алинеи 3 и 9, член 8, член 16 став 1 и член 30 од Правилата за начинот на однесување на меѓусебните односи на Министерството за внатрешни работи, утврдено е дека во извршувањето на работите и работните задачи овластените службени лица во Министерството се должни да го чуваат својот углед, како и угледот на МВР да се придржуваат кон Кодексот на полициската етика, да се однесуваат пристојно во извршувањето на работите и задачите како и на јавно место, разговорите меѓу овластените службени лица треба да се водат на начин кој ќе одразува правилен однос и нема да навредува нечие достоинство, овластените службени лица заради успешно изведување на службените задачи треба да ги развиваат и негуваат колегијалноста, професионализмот, меѓусебното почитување, разбирање и помагање. Личните односи во и надвор од службата не смеат да се одразуваат врз успешното завршување на службените работни задачи.
Согласно член 16 од Кодексот за полициска етика полициските службеници на сите нивоа се лично одговорни за своите активности, превиди и пропусти, полициските службеници го почитуваат и унапредуваат степенот на полициска култура, согласно стандардите на однесување предвидени во законите и подзаконските прописи.
Во конкретниот случај, од исказот на тужителот произлегува дека истиот се јавил по телефон кај службеното лице Т. С. само за да се информира зошто била сопрена со возилото сопругата на Ј.Б., кој бил член на неговата фамилија, бидејќи истиот му кажал дека сопругата била запрена и не можела да разбере зошто била запрена од сообраќајната полиција. Неговиот повик бил чисто информативен и од кога добил информација од службеното лице Т. дека биле известени инспекторите и биле преземени мерки, нивниот разговор завршил без никакви закани.”