Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-95/21

  • Version
  • Преземи 1
  • Големина на фајлот 731.82 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање мај 10, 2021
  • Последна промена јули 11, 2024

Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-95/21

(...) „По однос на битниот факт, дали дипломата на тужениот е фалсификувана, првостепениот суд го утврди исклучиво врз основа на решението - извештајот на тужителот, односно од известувањата на директорот на тужителот, како и од неговиот исказ даден на расправа, кои не беа поткрепени со релевантни докази со кои би се потврдиле таквите наводи, односно не бил извршен увид во самите деловни книги, а ниту било извршено графолошко вештачење на потписи на дипломата и сведителствата, како и вештачење во однос на валидноста на печатот на училиштето кој бил ставен на тие документи.

Судот својата пресуда единствено ја темели врз основа на исказот на сведокот Р.И., кој бил актуелен директор кај тужителот, иако овој сведок во својот исказ јасно кажува дека од увидот што го извршил во приложената диплома и сведетелства, можел да потврди дека печатот ставен на дипломата и сведителства одговарале на стариот печат на училиштето, како и дека потписот на допломата одговара на потписот на директорот. Од исказот на овој сведок, кој што беше предложен токму од тужителот, не произлегува дека постоеле елементи на фалсификуван потпис или печат на училиштето, а судот спротивно на тоа, му го уважил тужбеното барање, со образложение дека договорот за работа бил ништовен, бидејќи тужениот засновал работен однос кај тужениот врз основа на фалсификувана диплома за завршено средно образование, со што тужителот бил доведен во заблуда при засновањето на работниот однос, сметајќи дека тужителот ги исполнувал условите за засновање на работен однос. Дали дипломата е фалсификувана треба да го докаже токму тужителот со релевантни докази, а потоа врз основа на тоа ќе се утврди дали договорот за вработување е ништовен.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-67/21
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право