Решение на Апелационен суд Скопје РОЖ-227/18

  • Version
  • Преземи 1
  • Големина на фајлот 625.41 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање септември 26, 2018
  • Последна промена декември 29, 2022

Решение на Апелационен суд Скопје РОЖ-227/18

(...) „Во конкретниот случај, првостепениот суд не утврдил кои се пропустите на работодавачот и дали  во целост ја спровел постапката за престанок на работниот однос од деловни причини согласно одредбите од Законот за работни односи и КД кај работодавачот со превземање на дејствија кои што резултирале со донесување на повеќе акти врз основа на кои било извршено бодирање и рангирање на сите работници кои што работеле на работно место ракувач на додавачи, сита, траки и дробилка 2, согласно критериумите како што се успехот во работењето и стручната подготовка на работникот, работниот стаж и возраста на работникот. Исто така, со оглед дека видно од оспорената одлука на работникот му е дадено право на исплата на испратнина, потребно е  првостепениот судот со сигурност да утврди дали работодавачот постапил во согласност член 97 од Законот за работни односи, како и да ја има во предвид одредбата од член 96 став 1 од Законот за работни односи каде што е предвидено дека работодавачот пред да  го откаже договорот за вработување од деловни причини (технолошки, економски, организациони, технолошки, структурални и слични промени) поради кои престанува потребата од вршење на определена работа, може на работникот да му понуди вработување кај друг работодавач без огласување, со преземање и склучување договор за вработување за вршење на работи кои одговараат на неговата стручна подготовка, односно квалификација, стручно или нов договор за вработување. Ова значи, дека работодавачот можел да го вработи работникот на друго работно место или да го доквалификува, односно преквалификува за друга работа само доколку постои можност за тоа, меѓутоа сето ова не значи и негова обврска, туку напротив може да изрече и престанок на работен однос со давање на испратнина како што е во конкретниот случај.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-329/18
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право