Решение на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.15/2016

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 296.51 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање септември 22, 2016
  • Последна промена ноември 6, 2024

Решение на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.15/2016

„По наоѓање на Врховниот суд на Репубика Македонија во конкретниот случај судовите не дале доволно образложени причини за решителните факти од кои со сигурност би се утврдило дали во конкретниот случај тужителот со своите дејствија ги сторил повредите кои му се ставаат на товар со оспорената одлука, а кои согласно Законот за работните односи и Колективниот договор на тужениот претставуваат основ за откажување на договорот за вработување без отказен рок. Имено, пониските судови со сигурност не утврдиле дали фактот што тужителот како дел од екипата упатена во Ш. за реализација на директниот пренос од Фестивалот М., не присуствувал на закажаната генерална проба во 13:00 часот, предвидена со неделниот план за работа, претставува кршење на работниот ред и дисциплина и неисполнување на обврските утврдени со Закон, Колективен договор и Договорот за вработување, независно од тоа што била причината за неемитување на директниот пренос од фестивалот. Во конкретниот случај, останува нејасно дали предвидената генерална проба со неделниот план за работа во 13:00 часот, на 12.10.2013 година, била одржана и кој е надлежен да одлучува дали истата треба да се одржи или не, а со тоа останува нејасно и дали тужителот ја исполнил обврската предвидена со неделниот план за работа и дали постапил по налог на раководителот на Сектор. Ова, ако се има во предвид утврденото од страна на пониските судови дека неделните планови што се донесени од тужениот во пракса трпеле одредени измени зависно од потребната комуникација, а режисерот М. Г. не побарал одржување на генерална проба.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1368/15
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право