- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 234.93 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јули 12, 2018
- Последна промена ноември 6, 2024
Решение на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.81/2017
„Имено, првостепениот и второстепениот суд го усвоиле тужбеното барање на тужителот и ја поништиле како незаконита одлуката за давање на отказ на договорот за вработување на тужителот, прифаќајќи дека во одлуката за отказ на договорот за вработување, тужениот само ги навел законските одредби од член 82 став 1 алинеја 5 и член 81 став 1 точка 1 и 2 од Законот за работни односи, но не ги навел причините за отказот, односно дека не се наведени причините од кои смета дека тужителот не ги презел потребните дејствија за да се спречи сторувањето на кражбата.
Меѓутоа, според Врховниот суд на Република Македонија ваквиот заклучок на судовите е нејасен и контрадикторен ако се има предвид дека во одлуката е наведено дека во конкретниот случај се работело за провална кражба која се одвивала подолго време, имало сечење на метални решетки на прозорецот на еден од магацините, кршење на стакло, кршење на катанец, сечење на жичена ограда, а тужителот воопшто не забележал ниту презел дејствија согласно со работни обврски за да ја спречи кражбата, односно овозможил да се изврши провална кражба. Имено, контрадикторноста на заклучокот на пониските судови е од аспект што со сигурност не се утврдени околности дали кражбата е поради невнимание на тужителот, имајќи предвид дека тужителот бил ангажиран кај тужениот за обезбедување на објектот. Во таа смисла од судовите нецелосно е утврдено кои биле обврските и задолженијата на тужителот при остварување на работните задачи, дали од тужениот му биле обезбедени адекватни услови за исполнување на работните обврски и дали тужителот во такви услови, имајќи го во предвид начинот и времето на извршувањето на провалната кражба бил во состојба да го тоа спречи.
Поради тоа заклучокот на пониските судови дека не се докажало дека тужителот намерно или од крајно невнимание му предизвикал штета на работодавачот, не може да се прифати како основан, без притоа да се утврди описот и пописот на работните обврски, како и начинот на извршување на неговите обврски и околноста по однос на тоа дали тужителот ги презел во целост сите дејствија што се негова работна обврска, а се однесуваат на обезбедување на објектот на тужениот каде што е извршена кражба.”