- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 352.01 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање мај 31, 2018
- Последна промена ноември 6, 2024
Решение на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.142/2017
„Oсновани се укажувањата во изјавената ревизија дека побиваната пресуда е нејасна, неразбирлива и противречна, па оттука истата има недостатоци поради кои не може да се испита, а кои недостатоци се во насока на тоа дека дека второстепениот суд на нејавна седница утврдува поинаква фактичка состојба па оттука за овој суд останува нејасно и неразбирливо од каде второстепениот суд го извлекол заклучокот дека конкретно имаме незаконит престанок на работен однос, во ситуација кога од изведените докази во текот на постапката такво нешто не произлегува.
Според Врховниот суд на Република Македонија нејасно е од каде второстепениот суд заклучил и прифатил дека во одлуката за отказ нема образложение на основот и причините за откажување на договорот за вработување, поточно нема наведено конкретно со кои дејствија и слично тужителот сторил повреда на работниот ред и дисциплина, без притоа да образложи од кои докази го утврдил истото, а кое нешто е спротивно на утврденото во фактичката состојба на првостепениот суд. Ова ако се има во вид неспорно утврдениот факт дека тужителот без работен налог надвор од работно време извршил санација на објектот на Ц. У. без притоа да ги почитува правилата предвидени за вакви ситуации и деловното упатство на работа за електрични постојки кои несомнено му биле познати притоа не обезбедувајќи безнапонска состојба со цел странките кои останале без струја да можат да ангажираат лице кое ќе го отстрани дефектот.
По наоѓање на овој суд останува нејасно врз основа на кои докази второстепениот суд ја темели својата одлука кога утврдува дека дефектот не го поправал тужителот, туку тоа го сторила овластена фирма, како и од кои причини го прифаќа и цени исказот на сведокот З. С., во ситуација кога првостепениот суд истиот го цени, но не го прифаќа бидејќи утврдува дека е даден со цел да се намали или избегне одговорноста на тужителот.
Според Врховниот суд на Република Македонија второстепениот суд без да одржи главна расправа и без да изведе докази утврдил фактичка состојба која е спротивна на утврдената фактичка состојба од страна на првостепениот суд со првостепената пресуда, по што ја преиначил првостепената пресуда со образложение дека првостепениот суд погрешно го применил материјалното право, па во конкретниот случај причините за решителните факти од кои се раководел второстепениот суд при одлучувањето се нејасни и неразбирливи, ако се има во предвид дека својата одлука ја засновал и на изјава на сведок на која првостепен суд не поклонил верба без притоа да ги има во предвид сите околности на предметниот случај и изведените докази во постапката пред првостепениот суд.”