Решение на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.70/2019

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 548.56 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јуни 3, 2020
  • Последна промена ноември 6, 2024

Решение на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.70/2019

„Пониските судови одлучувајќи за основаноста на тужбеното барање, застанале на стојалиште дека од доказите изведени во текот на постапка не може да се утврди дека тужителот ги сторил повредите од член 81 став 1 точка 1, 2 и 10 од Законот за работните односи, кои му се ставаат на товар, поради што го усвоиле тужбеното барање на тужителот. Со оглед дека со оспореното решение на тужителот му се откажува договорот за вработување поради повеќе сторени повреди, меѓу другото, пониските судови нашле дека тужениот во оспореното решение не навел и опишал со кои конкретни дејствија и точно изречени погрдни зборови тужителот го прекршил работниот ред и дисциплина и предизвикал неред и насилнички се однесувал на своето работно место, па оттука со примена на начелото на товарот на докажување содржано во член 205 од Законот за парничната постапка заклучиле дека не е сторена и повредата од член 81 став 1 точка 10 од Законот за работните односи.

Меѓутоа, по наоѓање на Врховниот суд на Република Северна Македонија, основано тужениот во изјавената ревизија укажува дека причините на пониските судови за усвојување на тужбеното барање по однос на повредата на работниот ред и дисциплина или работните обврски со предизвикување неред и насилничко однесување за време на работата, се нејасни и неразбирливи и не произлегуваат од изведените докази во текот на постапката.

Имено, при утврдувањето на тоа дали од страна на тужителот е сторена оваа повреда, судовите се раководеле исклучиво од напишано во оспореното решение, иако истото упатува на изјавите на работниците В. М. број 04-41/1 од 12.02.2015 година, Г. Б. заведена под број 04-41/2 од 12.02.2015 година, В. Ѓ. и Н. К. заведена под број 04-41/3 од 17.02.2015 година и Д. Б. заведена под број 04-41/5 од 17.02.2015 година.

Во оваа смисла, иако судот ги извел како докази изјавите на В. М. од 24.03.2015 година, на Д. Б. од 24.03.2015 година, на Г. Б. од 24.03.2015 година, на од 12.02.2015 година, на Д. Б. од 17.02.2015 година, на В. Ѓ. и Н. К. од 17.02.2015 година, не ги ценел овие докази ниту секој од нив сам за себе, ниту во склоп на останатите изведени докази, ниту пак извел било каков заклучок од истите, како резултат на што не е утврден со сигурност решителниот факт за причините за околноста дали тужителот предизвикал неред и насилнички се однесувал на работното место, повреда која согласно членот 81 став 1 точката 10 е основана причина за на работникот да му се откаже договорот за вработување, независно од останатите околности во конкретниот случај.

Исто така, судовите недоволно ги ценеле изведените докази Изјава на В. М. од 12.02.2015 година, Изјава на В. К. од 24.03.2015 година, Изјава на група вработени од 24.03.2015 година и Изјава на Г. Б. од 12.02.2015 година, поради што по оценка на овој суд во пресудите навеле причини кои не произлегуваат од содржината на тие докази, притоа раководејќи се исклучиво од исказот на тужителот од кој утврдиле дека тужителот не предизвикал неред и насилнички се однесувал на 11.02.2015 година. Така, ако се има во вид дека лицето В. М., технички секретар кај тужениот, во изјавата заведена под број 04-41/1 од 12.02.2015 година, навела дека утрото на 11-ти февруари 2015 година, Д. В. почнал да ја нарекува со погрдни зборови, да ја навредува и колне, како неа, така и нејзините деца, а Г. Б., технички директор кај тужениот, во изјавата заведена под број 04-41/2 од 12.02.2015 година навел дека утрото на 11-ти февруари 2015 година, вработениот Д. В. дошол во канцеларијата и почнал да вика, навредува и колне дека му ја зеле работата, за овој суд останува нејасно од каде произлегува заклучокот на пониските судови дека во конкретниот случај тужениот не доставил докази од кои судот ќе утврди кога, на кој начин, спрема кого, со кои дејствија и со кои конкретно изречени зборови со навредлива содржина тужителот им се обраќал на вработените кај тужениот. Ова дотолку повеќе што во текот на судската постапка овие лица биле сослушани и точно го навеле настанот за кој, меѓу другото, се дадени и горенаведените изјави во кои е наведено дека тужителот на состанокот не го почитувал редот и не разговарал на темата на состанокот, туку дрско и без почит се однесувал кон Управителот, го навредувал и му упатувал погрдни зборови.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-174/20
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право