Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1749/19

  • Version
  • Преземи 11
  • Големина на фајлот 144.69 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање февруари 27, 2020
  • Последна промена август 13, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1749/19

Согласно со чл. 200, ст. 2 од ЗРО, предвидено е дека на синдикалниот претставник заради синдикална активност не може да му се намали платата или да му се откаже договорот за вработување, во ст. 3 предвидено е дека на синдикалниот претставник за времето на вршење на должноста, работодавачот може да му го откаже договорот за вработување само со претходна согласност на синдикатот, согласно со ст. 5, пак, предвидено е дека ако синдикатот не даде согласност, согласноста може да се надомести со судска одлука.

Имајќи ја предвид цитираната законска одредба, произлегува дека законодавецот предвидел да во одредени случаи доколку постојат оправдани причини за тоа, согласноста за откажување на договорот за вработување на вработен синдикален претставник да може да се надомести со судска одлука доколку работодавачот не ја добие согласноста од синдикатот.

Ваквата согласност судот може да ја даде доколку се утврди дека постојат оправдани причини за нејзино давање, односно доколку постојат релевантни докази дека вработениот со своето однесување и дејствијата во текот на работата ги сторил веројатни дејствијата кои му се ставаат на терет од страна на работодавачот, сега тужителот, односно потребно е од страна на работодавачот да биде докажана основаноста на причините за откажување на договорот за вработување на работникот.

На оваа околност, дали навистина постојат оправдани причини за откажување на договорот за вработување на работникот, дали навистина ги сторил дејствијата за кои се терети од страна на работодавачот, односно дали вработениот се однесувал непристојно, навредливо и насилно кон својот претпоставен пропратено со физички закани, во кое време, место и начин на случување на конкретен настан, од каде произлегуваат штетните дејствија и дали на кој било начин докажал дека присуството на работникот штетно се одразува врз работењето на тужителот, работодавачот не приложил релевантни докази од кои произлегува дека вработениот навистина ги сторил дејствијата за кои се терети и дека истиот сторил кршење на работниот ред и дисциплина во смисла на чл. 81, ст. 1, т. 10 од ЗРО, односно не докажал дека вработениот со своето присуство кај работодавачот го загрозил животот или здравјето на претпоставениот. Ова дотолку повеќе што, работодавачот не доставил мериторна одлука по однос на дисциплинската постапка за која имало предлог за поведување, одлука за формирање дисциплинска комисија и записник од состанок на дисциплинската комисија.

Имајќи го предвид наведеното, во состојба кога од страна на работодавачот не е докажана основаноста за откажување на договорот за вработување на работникот, не се исполнети законските услови судот да даде согласност за откажување на договорот за вработување помеѓу работникот и работодавачот, во смисла на одредбата од чл. 200, ст. 5 од ЗРО.

Претходно Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.63/2019
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право