- Version
- Преземи 4
- Големина на фајлот 631.92 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање октомври 19, 2016
- Последна промена август 1, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-278/15
Неосновани се жалбените наводи на тужениот работодавач во кои наведува дека доколку тужителот-работникот не бил задоволен од намалената плата можел да побара правна заштита бидејќи истиот ја примил платата, не побарал правна заштита, што значи дека истиот се согласил со намалување на истата. Ова од причина што во конкретниот случај се работи за парично побарување за помалку исплатена плата и неисплатена плата, па работникот може да поднесе директно тужба пред суд за заштита на своето парично побарување без да побара претходна заштита кај својот работодавач, како што и има постапено во конкретниот случај, а кое нешто е во согласност со одредбата од чл. 181, ст. 6 од ЗРО, односно паричните побарувања од работниот однос работниот може да ги остварува непосредно пред надлежниот суд без да има поднесено претходна заштита.