Збогатена дата-базата на судска пракса во областа на работните односи

Дата-базата на судска пракса во областа на работните односи на Здружението за трудово и социјално право (ЗТСП), која располага со пресуди и решенија на надлежните судови, како и правни мислења и заклучоци на Врховниот суд е збогатена со дополнителни пресуди на Апелациониот суд Скопје, со што вкупниот број релевантни судски одлуки достапни за преземање изнесува 500 (петстотини). Одлуките можат да се преземаат во целост во нивната изворна форма, а заради поголема прегледност, во прилог на истите е објавен и краток извадок со клучни ставови на Судот во врска со предметниот спор.

Новина во дата-базата е изменетата и подобрена класификација на судските одлуки, а посебно во категориите кои се однесуваат на: паричните побарувања од работниот однос, работното време и одморите и одговорноста за штета. Зголемен е и бројот на пресуди за престанок на работниот однос, како и на пресуди кои се повикуваат на меѓународните стандарди на трудот, со што дата-базата на ЗТСП продолжува да биде единствената ризница на пресуди во С Македонија што објавува судски одлуки во кои се применети Конвенции на Меѓународната организација на трудот (МОТ).

Здружението за трудово и социјално право ги повикува сите заинтересирани субјекти и чинители кои се занимаваат со практична примена на трудовото право (надлежни судови, адвокати, невладини организации и слично) да споделуваат релевантна судска пракса во областа на работните односи со Здружението, со цел понатамошно проширување и збогатување на ризницата на судски одлуки и унапредување на примената на трудовото право во земјата. За таа намена, ЗТСП може да го контактирате на следната електронска адреса: ztspsm@gmail.com

Претходно Одржана годишната конференција на експерти по трудово право од Централна и Источна Европа во рамки на мрежата CEElex
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право