Одржана Годишната Меѓународна Конференција на Здруженито за Трудово и Социјално Право

Во периодот 29-30 мај, 2025 година, во Хотел „Метропол” во Охрид, се одржа Годишната меѓународна конференција на Здружението за трудово и социјално право (ЗТСП), под наслов „ТРУДОВОТО ПРАВО И ПРОМЕНИТЕ ВО СВЕТОТ НА РАБОТАТА: ЛЕКЦИИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКОТО РАБОТНО ЗАКОНОДАВСТВО И НЕГОВАТА ПРИМЕНА ВО ПРАКТИКАТА”. На конференцијата беа презентирани 20 научни и стручни реферати од еминентни теоретичари и практичари од земјата и странство. Во рамки на конференцијата, се одржа и промоцијата на книгата „Работен однос и нестандардни форми на работа” на авторот, проф. д-р Александар Ристовски. На говорот на авторот му претходеа обраќања на рецензентите на книгата (проф. д-р Тодор Каламатиев и проф. д-р Љубинка Ковачевиќ од Правниот факултет при Универзитетот во Белград), а потоа следеше панел дискусија на која учествуваа претставници на социјалните партнери во земјата. Конференцијата заврши со панел-дискусија за проблемите и предизвиците во примената на трудовото законодавство во практиката, на која учествуваа еминентни претставници од Врховниот Суд, Државниот Трудов Инспекторат и Комисијата за Спречување и Заштита од Дискриминација на Македонија.

Претходно Годишна Конференција 2025 – Конференциска Програма
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право