Средби на трипартитната работна група за подготовка на нацрт Закон за спречување на насилството и вознемирувањето на работното место

Во октомври, 2025 година во Хотел Романтик во Велес се одржаа две средби на трипартитната работна група за подготовка на нацрт Законот за спречување на насилството и вознемирувањето на работното место.

Средбите беа иницирани и организирани од страна на Економско социјалниот совет (ЕСС), преку Министерството за економија и труд, во партнерство со Меѓународната организација на трудот (МОТ). Целта на средбите беше усогласување на законската регулатива со Конвенцијата за насилство и вознемирување во светот на работата бр.190 на МОТ и отпочнување на процесот на подготовка на нацрт законско решение за спречување на насилство и вознемирување на работното место.

На првата средба одржана во периодот 8-10 октомври, 2025 година, беше презентиран Извештај за постоечката примена на Законот за заштита од вознемирување на работното место, изработен од проф. д-р Александар Ристовски.

На втората средба одржана во периодот 22-24 октомври, 2025 година, беа презентирани неколку нацрт-поглавја од законското решение за спречување на насилството и вознемирување на работното место, изработени од проф. д-р Александар Ристовски.

На расправата, учествуваа претставници на социјалните партнери (Министерството за економија и труд, репрезентативните синдикати и организации на работодавачи), државниот инспекторат за труд, невладини организации и други релевантни чинители во процесот.

Претходно Нова Книга: РАБОТЕН ОДНОС И НЕСТАНДАРДНИ ФОРМИ НА РАБОТА, од проф. д-р Александар Ристовски
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право