Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1389/15

  • Version
  • Преземи 1
  • Големина на фајлот 426.09 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање октомври 19, 2016
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1389/15

„Неосновани се жалбените наводи на тужителот во кои наведува дека според чл. 21 од ОКДЈС, работниците во јавниот сектор (во органите на државната власт, јавните установи, заводите, агенции кои вработуваат работници и се финансираат од Буџетот на РМ) имаат право на трошоци за превоз, кое го црпат токму од ОКДЈС. Исто така, неосновани се и жалбените наводи на тужителот во кои наведува дека неосновано првостепениот суд го одбил како неосновано барањето на тужителот за трошоци за превоз со образложение само дека со измените на Колективниот договор на МВР од 22.9.2010 година нема предвидено право на превоз на работниците, бидејќи доколку со овој договор поедини односи не се уредени, ќе се применуваат одредбите од соодветните закони и ОКДЈС, во конкретниот случај, одредбата од чл. 21 од ОКДЈС.

Ова од причина што според чл. 21 од Општиот колективен договор за јавниот сектор на Република Македонија, предвидено е дека работникот имал право на надомест на трошоците за превоз до и од работа во случаи кога нема организирано превоз во висина на најниските реални трошоци, но според истиот член, во ставот 2 е предвидено дека висината на овој надоместок се усогласува со анекс на Колективен договор на годишно ниво и според чл. 49 од овој Колективен договор сместен во преодните и завршни одредби, е предвидено дека висината на надоместокот од чл. 21, ст. 1, ал. 1, 2, 3, 5 и 6 (меѓу кои спаѓа и надоместокот за превоз) потписниците на договорот ќе ја утврдат до крајот на 2008 година, а ќе се применува од почетокот на 2009 година.

Од наведената одредба на чл. 21 од Општиот колективен договор за јавниот сектор не произлегува основот да се бара трошоци за превоз, односно и Општиот колективен договор за јавниот сектор упатува на друг колективен договор со кој ќе биде утврдена основицата и висината на надоместокот и остава можност работодавачот на свој трошок на работниците да им организира превоз до и од работното место.

Согласно со горенаведеното, во услови кога од наведената одредба не произлегува основот да се бара разлика на трошоци за превоз, кога за спорниот период нема материјален пропис врз основа на кој произлегува правото на надомест на трошоците за превоз, ниту важечка одредба во КД на тужениот, со која е утврдена обврската на истиот како работодавач за исплата на пaтни трошоци на вработените, и по оценка на овој суд правилно првостепениот суд утврдил дека тужениот не е во обврска да му исплати на тужителот надоместок за превоз за спорниот период.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-278/15
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право