- Version
- Преземи 12
- Големина на фајлот 347.17 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јуни 5, 2018
- Последна промена декември 27, 2022
Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-311/18
(...) „Имено, согласно член 51 од Законот за установите, директорот на установата може да биде разрешен пред истекот на времето за кое бил именуван во случаите поради предвидените основи во истиот закон, согласно став 3 од истиот закон разрешениот директор има право на жалба во рок од 7 дена од денот на разрешувањето до органот на управување на установата, а жалбата не ја запира од извршување одлуката за разрешување и таквата одлука се применува од денот на нејзиното донесување и веднаш се запишува во Судскиот регистар. од оваа одредба јасно произлегува дека во постапката за разрешување на директор на установата пропишана е двостепеност на постапката, односно дека разрешениот директор има право на жалба до органот на управување на установата. Ова значи дека согласно оваа одредба директорот требало да оствари заштита против одлуката за негово разрешување кај работодавецот со поднесување на жалба и после спроведувањето на постапката за остварена заштита кај работодавачот да заведе судски спор за поништување на предметната одлука за разрешување.”