- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 624.48 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање февруари 4, 2015
- Последна промена август 5, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1319/14
„(...) Жалбениот навод на тужителот дека тужениот како работодавач требал писмено да го предупреди пред да му го откаже договорот за вработување согласно со одредбата од чл. 73 од ЗРО, овој суд го ценеше, но го најде за неоснован од причина што во конкретниот случај не се работи за откажување на договор за вработување поради неизвршување на работни задачи, туку се работи за откажување на договор за вработување поради неоправдано отсуство од работа пет работни дена што претставува еден од таксативно наброените случаи од законските одредби кои го регулираат прашањето за откажување договор за вработување поради кршење на работниот ред и дисциплина.”