Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.62/2017

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 339.63 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање април 26, 2018
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.62/2017

„(...) имајќи ги предвид одредбите од член 82 став 2 од Законот за работни односи и член 23 став 1 алинеја 5, 7 и 15 од Колективниот договор на ниво на работодавач, Врховниот суд на Република Македонија наоѓа дека пониските судови правилно го примениле материјалното право, кога го одбиле како неосновано тужбеното барање на тужителот за поништување на одлуката за отказ.

Според овој суд од изведените докази во текот на постапката неспорно било утврдено дека тужителот ја сторил повредата што му се става на товар со земањето на неподигнатите парични средства од банкоматот во филијалата во В., односно со нивното неуплатување на посебната сметка на тужениот одредена за вишок на банкомати, односно дека истиот го злоупотребил и пречекорил даденото овластување и со ваквото свое однесување креирал лоша репутација на банката, па правилен е заклучокот на пониските судови дека тужителот ја сторил повредата што му се става на товар, а заради која му бил даден отказот.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1767/17
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право