- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 226.66 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање септември 28, 2016
- Последна промена ноември 6, 2024
Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.99/2015
„Врховниот суд на Република Македонија, ценејќи ги ревизиските наводи во целост се согласи со причините дадени во образложенијата на пониските судови. Имено, ценејќи го ревизискиот навод дека тужителот не можел да докаже дека редовно идел на работа, од причина што, истиот никаде не се потпишувал, како и другите вработени, но најде дека ваквите наводи се неосновани од причина што, дури и да се прифатело дека не била водена евиденција за присуство на работа како што тврдел сведокот Х. З. Б., сепак и при таква состојба не може со сигурност да се утврди кој од работниците кога бил отсутен од работа и во случај да се прифати дека во отсуство на евиденција за присуство на работа тужителот доаѓал на работа и не ги сторил повредите од член 82 став 2 точка 1 од Законот за работните односи, сепак на работникот може да му се откаже договорот за вработување и за една сторена повреда на работните обврски. Имено, правилно пониските судови утврдиле дека тужителот ги сторил повредите на работните обврски од член 81 став 1 точка 2 и 3 од Законот за работните односи и член 68 став 1 точка 2 и 5 од Колективниот договор на тужениот, односно тужителот не вршел достава на поштенските пратки на странките, ненавремено и со големо задоцнување ги доствувал поштенските пратки на странките, не вршел достава на поштенските пратки, со што не го почитувал член 54 точка 1 од Законот за потешенските услуги. Овој суд најде дека станува збор за неизвршување на работните задачи од страна на тужителот, која е доволна причина да се откаже договорот за вработување, дотолку повеќе што тужениот при склучување на договорот за вработување дал писмена изјава дека не постојат болести кои суштествено можат да го ограничат во извршувањето на работата на работното место пошторазнесувач.”