Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев2.бр.461/2015

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 339.02 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање септември 22, 2016
  • Последна промена ноември 5, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев2.бр.461/2015

„(...) според наоѓањето на Врховниот суд на Република Македонија, во конкретниот случај правилно пониските судови го примениле материјалното право и го усвоиле тужбеното барање на тужителот. Ова од причина што во конкретниот случај се работи за надомест на штета од незаконит престанок на работен однос каде што на тужителот му престанал работниот однос по вина на тужениот каде потоа со правосилна пресуда поништена е одлуката за престанок на работниот однос. Со оглед на тоа што тужителот со незаконит акт на тужениот бил отстранет од работното место и оневозможен да работи и да остварува плата и според овој суд правилен е ставот на пониските судови дека оштетениот треба да се доведе во онаа состојба во која би се наоѓал да немало штетно дејствие или пропуштање, односно работникот треба да биде доведен во приближно иста положба како останатите работници кај истиот работодавец, односно во онаква положба во каква би бил во тој период ако не бил незаконито отстранет од работното место. Оттука, Врховниот суд на Република Македонија наоѓа дека правилно пониските судови согласно член 159 од Законот за работни односи утврдиле дека со незаконитиот престанок на работниот однос на тужителот му била причинета штета, па го задолжиле тужениот да му исплати на тужителот на име надомест на штета во вид на неисплатени плати зголемени за порастот на трошоците за живот за периодот од 16.03.2010 година, до 30.06.2012 година.

Истовремено, и според овој суд тужителот има право на зголемување на утврдениот износ на надомест на штета со процентот на порастот на трошоците за живот за целиот период за кој се бара надоместокот, за да не дојде до состојба досудените износи на изгубена заработувачка да не претставуваат надомест за стварно претрпена штета и да бидат обезвреднети под влијание на економските и пазарни промени. Ова од причина што, платата на работникот главно се троши за задоволување на животните потреби на работникот и семејството, а статистиката за пораст на животните трошоци ја следи Д. з., па е олеснета можноста за утврдување на овој надомест, како и фактот дека постои зависност помеѓу движењето на платите и порастот на трошоците за живот, па со ваквиот начин на пресметување на надоместот, тужителот ќе биде доведен во приближно иста положба во која би бил во тој период, доколку не бил незаконито отстранет од работното место.”

Претходно Решение на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.15/2016
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право