Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.28/2018

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 858.54 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање февруари 13, 2019
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.28/2018

„(...) според наоѓањето на Врховниот суд на Република Северна Македонија, во конкретниот случај правилно пониските судови го примениле материјалното право кога согласно чл. 82 став 1 точка 5 од Законот за работните односи (Службен весник на РМ бр. 62/05) и чл. 95 став 1 точка 7 од КД на тужениот го усвоиле тужбеното барање на тужителот наоѓајќи дека во решението за откажување на договорот за вработување не е наведено на кој начин тужителот ја сторил повредата која му се става на товар.

Имено, според Врховниот суд на Република Северна Македонија правилно пониските судови заклучиле дека видно од содржината на одлуката за отказ во истата не се наведени дејствијата со кои тужителот сторил повреда на работниот ред и дисциплина, на кој начин не го почитувал работниот ред и дисциплина, ниту пак е наведено кога и во кое време тужителот со своите дејствија ја сторил повредата која му се става на товар, односно само е наведено дека сторил повреда на работниот ред и дисциплина со тоа што го злоупотребил и го пречекорил даденото овластување предвидено во чл. 95 ст. 1 т. 7 од КД на тужениот, а не се наведува во што се состои таа повреда. Оттука, во услови кога одлуката за откажување на договорот за вработување поради кршење на работниот ред и дисциплина не е во согласност со законот, и според овој суд правилно пониските судови нашле дека тужениот не ја докажал основаноста на причината за откажување на договорот за вработување на тужителот.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-850/18
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право