Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-462/13

  • Version
  • Преземи 115
  • Големина на фајлот 104.36 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јули 6, 2013
  • Последна промена август 14, 2022

„Исто така, во жалбата тужениот укажува дека при склучување на менаџерски договори врз основа на чл. 54 од ЗРО правата и обврските од работен однос се уредуваат на поинаков начин особено за условите и ограничување на работата, работното време, обезбедување на дневен и годишен одмор, плаќањето на работата и престанување на важноста на договорот за вработување, па од тие причини платата во менаџерските договори е определена во повисок износ поради што не следува додаток на работен стаж и останати додатоци.

Ваквите жалбени наводи овој суд ги ценеше и истите ги одби како неосновани. Ова од причина што правилно првостепениот суд утврдил дека според менаџерските договори склучени од страна на тужителките и тужениот, истите имаат право на нето-плата во одредена висина, надоместоци на плата и надоместоци поврзани со работата и придонесите за пензиско, инвалидско, здравствено и социјално осигурување за кои е предвидено дека се на товар на тужениот, а ова согласно со чл. 5 од Договорот. Правилно првостепениот суд утврдил дека за спорниот период тужениот не им ги исплатил во целост платите и дел за минат труд на тужителките, кои биле предвидени со договорот и не им ги исплатил деловите од придонесите за ПИО, па со оглед на тоа го задолжил тужениот овие износи да им ги надомести на тужителките. Имено, правилно првостепениот суд утврдил и дека во склучените менаџерски договори помеѓу тужителките и тужениот нема одредба со која се одлага примената на менаџерскиот договор поради спроведување на постапка за технолошки вишок поради што тужителките основано барале исполнување на договорите за утужените периоди. Исто така, по наоѓање на овој суд правилно првостепениот суд го утврдил и фактот дека во пресметката не биле вкалкулирани додатоците на плата утврдени во чл. 67 од КД на МРТ, кои согласно со менаџерските договори тужителките немаат право на нив, а во однос на пресметката на минат труд во смисла на тоа дека на тужителките не им се исплатува 0,5 % додаток на основна плата за работен стаж, но не повеке од 20 %, истото е предвидено и во чл. 68 од КД на МРТ и овој додаток не е изземен од менаџерските договори поради што правилно првостепениот суд одлучил како во изреката на обжалената пресуда.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-789/13

Leave Your Comment

Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право