- Version
- Преземи 56
- Големина на фајлот 106.94 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање октомври 10, 2014
- Последна промена август 13, 2022
„(...) по наоѓање на овој суд првостепениот суд правилно утврдил дека не се исполнети законските услови за мобинг од причина што за да има мобинг потребно е да се има негативно однесување од поединец или група кое често се повторува. Од тука произлегува дека од страна на второтужениот нема негативно однесување со донесување на налогот (...) со кој тужителката (работничката) била префрлена од Економска единица Челичарница во Економска единица Централни кујни. Видно од самиот налог, истиот бил донесен од извршен член на Одборот на директори на првотужениот (работодавачот) и причината поради која се извршило префрлувањето е реновирањето на ресторанот Челичарница. Во спорниот период второтужениот не бил раководител што се утврдува и од исказите на сослушаните сведоци и од исказот на самиот второтужен. Тужителката ниту усно, ниту писмено се пожалила дека второтужениот ѝ вршел мобинг, никогаш не реагирала кај нејзините претпоставени. Елемент на психичко вознемирување не претставува ниту донесената одлука за престанок на работен однос од деловни причини бр. 0166 од 15.6.2010 година бидејќи за престанокот одлучувала комисија формирана од првотужениот, и тоа според ранг-листа. Второтужениот немал овластување да одлучува на кои работници ќе им престане работниот однос, истиот бил раководител од 1.2.2006 до 31.4.2010 година и не можел да биде одговорен за донесување на налогот од 9.6.2010 година кога тужителката била префрлена во друга економска единица да врши други работи во рамките на нејзината стручна подготовка или, пак, да биде одговорен за донесување на решението (...) од 15.6.2010 година, бидејќи во овој период веќе не бил раководител и не можел да носи никакви одлуки ниту за распоредување, ниту за престанок на работниот однос.
Од погоренаведеното, по наоѓање на овој суд, од страна на второтужениот не е преземена активност за вршење мобинг. Тоа што тужителката била прераспоредена во друга Економска единица и со одлука ѝ престанал работниот однос од деловни причини не претставува мобинг. Исто така, неосновани се наводите на тужителката дека првотужениот дозволил истата да биде психички вознемирувана од страна на второтужениот, бидејќи од изведените докази во текот на постапката неспорно произлегува дека не е вршен мобинг над тужителката.”