Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-525/14

  • Version
  • Преземи 9
  • Големина на фајлот 140.36 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање февруари 19, 2015
  • Последна промена август 1, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-525/14

„(...) тужителот не засновал работен однос со тужениот согласно со одредбите од Законот за работните односи. Имено, тужителот со тужениот склучил договор за вработување од 1.7.2008 година на кој се повикува тужителот, меѓутоа овој договор не бил активиран, односно спроведен од страна на тужениот. Тужениот како работодавач бил должен да поднесе Пријава/Одјава (Образец М1/М2) за тужителот во задолжително социјално осигурување (пензиско и инвалидско, здравствено и осигурување во случај на невработеност) во Агенцијата за вработување на РМ, за заверена фотокопија од Пријавата да му даде на тужителот. Тужителот како работник не можел да стапи на работа од 1.7.2008 година, пред да се склучи Договорот за вработување и пред тужениот како работодавач да го пријави во задолжителното осигурување. Напротив, во конкретниот случај, тужителот во спорниот период од 1.7.2008 година до 26.1.2010 година се пријавил како невработено лице во Агенција за вработување на РМ – Центар за вработување на град Гевгелија и продолжил да работи кај тужениот. Доколку тужителот сметал дека му е повредено некое право од работен однос, истиот имал можност да побара инспекциски надзор од страна на органот на државната управа надлежен за работа на инспекцијата на трудот која врши надзор над примената на овој Закон, другите Закони и вработување, прописите за работните односи, Колективниот договор и Договорите за работа со кои се уредуваат правата и обврските на работникот и работодавачот од работен однос. Тужителот можел да побара инспекторот на труд да изврши инспекциски надзор кај тужениот во поглед на склучениот Договор за работа и Пријавата во задолжително социјално осигурување, но тужителот тоа не го сторил.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1364/14

Leave Your Comment

Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право