Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.53/2014-1

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 66.99 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање октомври 8, 2014
  • Последна промена август 22, 2024

Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.53/2014-1

Остварување на права од работен однос на судски службеници и судска полиција во согласност со закон и со колективен договор, а не и со подзаконски прописи

„Уставната определба во член 32 став 5 од Уставот јасно утврдува дека остварувањето на правата на вработените од работен однос се уредуваат со закон и со колективен договор.

Наспроти тоа, во оспорените делови на член 3 став 1 и став 3 од Законот за судска служба, се пропишува дека правата од работен однос, покрај со закон и колективен договор, се остваруваат и согласно со другите прописи што ги уредуваат правата од работен однос.

Поимот „пропис“ ги опфаќа сите видови на акти, односно закони и подзаконски акти, кои според своите овластувања ги донесуваат различни органи и тела, кога за тоа се овластени со закон. Оттука, произлегува дека определбата во оспорените одредби според кои правата од работен однос се остваруваат и со други прописи што ги уредуваат правата од работен однос, претставува премногу широк и неопределен правен поим, кој може да се подразбере дека упатува на примена на други закони, што од уставно правен аспект не е спорно, но и да се подразбере како упатување на подзаконски акти донесени во функција на разработка на одреден закон, за што нема уставна основаност.

Со оглед дека остварувањето на права од работен однос може да се остварува единствено во согласност со закон и со колективен договор, а не и со подзаконски прописи, произлегува дека законската определба во оспорените одредби, остварувањето на правата од работен однос да биде и согласно со други прописи што ги уредуваат правата од работен однос, остава можност правата од работен однос да се остваруваат во согласност со подзаконски акти, што нема уставна основаност.

Поради наведеното, Судот оцени дека член 3 став 1 во делот: „и другите прописи што ги уредуваат правата од работен однос“ и став 3 во делот: „и другите прописи што ги уредуваат правата од работен однос“ од Законот за судска служба, не се во согласност со член 8 став 1 алинеја 3, член 32 став 5 и член 51 од Уставот.”

Претходно Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.63/2013-1
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право