Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-619/21

  • Version
  • Преземи 2
  • Големина на фајлот 859.08 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање февруари 2, 2022
  • Последна промена јули 11, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-619/21

(...) „тужителот, согласно чл. 141 од ЗОО, има право да бара од тужениот да му биде надоместена штетата со оглед дека секој месец на тужителот му задржувал од платата износ од по 150,00 денари, но и покрај тоа не склучил договор за колективно осигурување, со што тужителот исклучиво по вина на тужениот со пропуштањето да склучи договор за колективно осигурување претрпел штета. Од друга страна, во претходните полиси за осигурување, како и во наредните, никаде не стои дека тужениот е должен да му надомести штета на вработениот само доколку повредата настанала на работното место, така што ваквото осигурување се однесува за било каква настаната повреда на осигуреникот во текот на траењето на полисата за осигурување. Обврската на тужениот произлегува од одредбите од член 2 и член 6 од Општите услови за осигурување и дополнителните услови за паушално осигурување на лица од последици на несреќен случај во кој е наведено дека, осигурувањето започнува во 24:00 часот во оној ден кој што е назначен во полисата како почеток на осигурувањето и престанува во 24:00 часот во оној ден што во полисата е договорен како ден на истек на осигурувањето, а обврската на осигурувачот во однос на секој осигуреник започнува во 24:00 часот на денот кога е платена договорената премија, но не порано од 24:00 часот оној ден кој во полисата е наведен како почеток на осигурувањето. Доколку тужениот имал склучено колективно осигурување, истото ќе важело 24 часа во денот и во тој случај тужителот ќе се стекнел со надоместок. Во прилог на ова е и одредбата од чл. 5 од Општите услови за осигурување на лице од последици на несреќен случај, каде се наведени сите настани кои спаѓаат во несреќен случај, а за кои следува надомест на штета од осигурителната компанија, а од друга страна никаде не стои дека како услов треба повредата да е настаната на работа.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-567/21
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право