- Version
- Преземи 2
- Големина на фајлот 874.41 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање февруари 2, 2022
- Последна промена јули 13, 2024
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-567/21
(...) „Во точка 15 од членот 22 е предвидено дека по исклучокот од ставот 2 на овој член, доколку отсутниот вработен и по истекот на 2 години не се врати на работа, работниот однос на вработениот кој го заменува може да се трансформира од определено на неопределено време, по претходна согласност на органот надлежен за давање на согласност на годишниот план за вработување на институцијата по однос на буџетот. Од ова произлегува дека законска можност е на работодавецот да може да изврши трансформација на работниот однос, но истовремено не претставува и обврска за задолжителна трансформација на работниот однос на вработените во јавниот сектор на определено време со работен стаж подолг од 2 години.
За трансформација во работен однос од определено на неопределено време, Министерството за финансии издава согласност за обезбедени финансиски средства за трансформација на работен однос на неопределено работно време на лицата од членот 2 од овој закон на барање на институциите.
Тужениот за да изврши трансформација на работниот однос треба да бидат исполнети сите услови предвидени во чл. 22 т. 15 од Законот за вработените во јавниот сектор, а покрај останатите услови тужениот треба да добие согласност од органот надлежен за давање на согласност на годишниот план за вработување на институцијата во однос на буџетот. Исто така, за да дојде до трансформација на работниот однос потребно е во целост да бидат исполнети условите предвидени во чл. 66 од Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта, помеѓу кои услови потребно е тужениот да има согласност за трансформација на работниот однос од Министерството. Врз основа на дадената согласност, директорот на училиштето, во рок од 7 дена од денот на добивањето на согласноста донесува одлука за трансформација на работниот однос. Исто така, тужениот не достави доказ дека поднел барање за трансформација на работниот однос до Комисијата за трансформација на работниот однос, ниту дека е дадена согласност за трансформација на работниот однос на тужителот. Дадената согласност е за вработување на лица на определено време - старо финансирање до крајот на учебната 2021/22 година, а не за трансформација на работниот однос.”